На 9 јуни ќе се одржи ЗЕГИН Спектратон-трка на херои во сите бои

На 9 јуни ќе се одржи ЗЕГИН СПЕКТРАТОН-ТРКА НА ХЕРОИ ВО СИТЕ БОИ со почетна точка во скопската населба Аеродром, односно паркот „Јане Сандански“ со почеток во 8 часот.

-Подгответе се за настан, каде трчањето се среќава со забавата, а хуманата страна зазема централно место! Придружете ни се на ЗЕГИН СПЕКТРАТОН-ТРКА НА ХЕРОИ ВО СИТЕ БОИ, велат организаторите!

Се нагласува: „Ова не е ваше типично трчање – ова е прекрасно искуство кое ќе направи да се чувствувате енергично и инспирирано“.

Средствата од секоја котизација ќе бидат донирани во Здружението „Во мојот свет”, со цел побрзо да се изгради првиот дневен центар во регионот за адолесценти и млади со аутистичен спектар и атипичен развој.

Регистрацијата е отворена ! Резервирајте го вашето место:

https://trki.mk/mk

За повеќе информации следете нè на социјалните мрежи

·         Facebook https://www.facebook.com/zegintrka

·         Instagram  https://www.instagram.com/trka_zegin/

„Не ја пропуштајте можноста да трчате, да се поврзете со истомисленици и заедно да оствариме една голема хумана мисија!

Се гледаме на стартната линија“!