На 94 години почина поранешниот филипински претседател Фидел Рамос

Поранешниот филипински претседател Фидел Рамос, кој ја водеше земјата низ реткиот период на мир и развој, почина во неделата на 94-годишна возраст, објавија во неделата властите во Манила.

Рамос, војник од кариера со кревок изглед, кого Филипинците го нарекуваа „Еди“ беше претседател од 1992 до 1998 година.

„Со голема тага дознавме дека починал поранешниот филипински претседател Фидел В. Рамос“, изјави Трикси Крус-Ангелес, портпаролка на сегашниот претседател Фердинанд Маркос помладиот, синот и именик на покојниот филипински диктаторот Маркос, кој минатиот месец стапи на должноста.

За Рамос натаму во објавата се наведува дека зад себе оставил „живописно наследство“, како и дека „историјата ќе го памети по учеството во големите промени“ во земјата, како „воен офицер и врховен командант на воените сили“.

Рамос се борел во војните на Корејскиот полуостров и Виетнам. Стана херој за многумина откако побегна од владата на Маркос, јаде ги водеше филипинските полициски сили, поттикнувајќи го падот на диктаторот во текот на народниот бунт во 1986 година.

До друга страна, некои Филипинци, на Рамос не можат да му ја заборават улогата во спроведувањето на вонредната состојба во текот на режимот на Маркос.

Не е наведена причината за смртта на Рамос, а се очекува неговото семејство подоцна во неделата да излезе со свое соопштение.

Фидел Рамос, инаку, е првиот протестант кој дојде до највисоката должност во оваа мнозински католичка земја, и покрај силното противење на влијателни личности од Католичката црква.