
На Алјаска е измерена температура од -59 степени Целзиусови.
Ниската температура преставува голем проблем за сите жители на најсеверната американска држава.
Температурата од -59 степени е измерена во најстуденото место на Алјаска, местото Танана.
Ниските температури им го отежнуваат нормалниот живот на жителите на областа.
Поради исклучително ниската температура авионите не летаат, автомобилите не работат, луѓето се замотани во повеќе слоеви на облека и тешко се движат по ледот.
Пропанот во апаратите за домаќинство на гас станува како желатин, па подготвувањето на храна е можно само на дрва . За среќа училиштата на Алјаска функционираат нормално.
Инаку најниската температура досега измерена на Алјаска изнесувала – 91 степен Целзиусов, а најстуденото населено место на светот е руското село Омјакон во Сибир, каде јануарскиот просек на температурата изнесува -50 степени Целзиусови.