Покачен крвен притисок, главоболки, настинки, алергиски реакции, симптомна болка и покачена телесна температура се најчестите симптоми на кои се пожалиле пациентите кои минатата недела побарале лекарски совет на телефонската линија „Ало докторе!“.
Минатата недела се реализирани вкупно 1.389 повици и на сите кои се јавиле да побараат медицински совет им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето. Медицински совет даваат 25 доктори, а повиците се од сите градови во државата.
Од кога е започната да работи телефонската линија за медицински совет имало вкупно 87.753 повици.