На „Ало докторе“ совет побарале 1.028 граѓани

Изминатата недела на телефонската линија „Ало докторе“ медицински совет побарале 1.028 граѓани. Најчесто граѓаните барале совет за проблеми со респираторните органи, покачена телесна температура, настинки и кашлици предизивикани од ладното време.

На „Ало докторе“ совет побарале 1.028 граѓани
На „Ало докторе“ совет побарале 1.028 граѓани

Линијата е достапна секој ден 24 часа и на неа 25 доктори се достапни за медицински совет. Целта е да им се овозможи на граѓаните непосредна медицинска консутлација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Од почетокот на отворање на линијата 02/15 123 досега на оваа линија медицински совет побарале 6.6427 лица.