Од 15 септември 2014 година кога почна да работи линијата 02/15 123, досега, имало 144.716 повици.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет за јавувањата кои се од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата најчесто се за совети поврзани со променливото време, хронични заболувања, респираторни симптоми, кардиоваскуларни, главоболки, зголемена телесна температура, сезонски настинки и симптомна болка.