На „Ало докторе“ за една недела 1.118 повици

На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела имало 1.118 повици.

Здравствен дом Скопје соопшти дека од 15 септември 2014 година, досега, на линијата имало 104.337 повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни, респираторни симптоми, главоболки, алергиски реакции и симптомна болка.

На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.