На телефонската линија за медицински совет Ало докторе! во текот на изминатата недела од 13.06.2016 година до 19.06.2016 година биле примени вкупно1.380 повици.
Досега вкупни 98.734 повици се примени од 15.09.2014 година на 02/15 123 од кога започна да работи телефонската линија за медицински совет АЛО ДОКТОРЕ!
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
За медицински совет се достапни вкупно 25 лекари. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто за покачен крвен притисок, главоболки, настинки, алергиски реакции и симптомна болка.
На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија АЛО ДОКТОРЕ ! им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија .