Во изминатата недела на телефонската линија за медицински совет Ало докторе се примени 1.172 повици.
Од септември минатата година, кога започна да работи телефонската линија медицински совет на 02/15 123 побарале вкупно 75.668 граѓани.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
На бесплатаната телефонска линија 25 доктори вкупно се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за сезонски настинки, покачен крвен притисок, симптомна болка, покачена телесна температура и кашлици од променливото време.
На сите оние лица кои побараа медицински совет на телефонската линија Ало докторе им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.