Американецот Дејл Персон бил непријатно изненаден кога во водите на плажата кај неговата куќа забележал голема бела ајкула на полуостровот. Персон, кој живее на полуостровот Долна Калифорнија, влегол во водата мислејќи дека е насукан кит, но кога видел дека е ајкула решил да се повлече на безбедно растојание.
Во овој регион на САД ајкулите не се реткост, па Персон мислел дека станува збор за чекан ајкула, но подоцна се уверил дека е големата бела ајкула, долга околу 4,5 метри.
Тој се охрабрил и се прибличил поблиску до ајкулата и снимил дека има голема отворена рана веднаш зад перката на грбот, најверојатно од удар на перки од пропелер на брод.