
Volkswagen не престанува со изненадувањата и најавува уште еден електричен автомобил. Станува збор за сосема нов концепт на ID семејството, кој ќе биде претставен под мотото кое, исто така, е и името на изложбата во автомобилскиот музеј Петерсен каде ќе биде премиерата. Изложбата се отвора на 20 ноември, а ден претходно Volkswagen на јавноста ќе и ја покаже новата електрична студија.
Иако во најавата е користен рендер на минатогодишниот концепт, се очекува комплетно ново толкување на електричниот автомобил во блиска иднина.
Посетителите на изложбата ќе можат да дознаат сè за новата MEB платформа за електрични возила, нејзиниот развој, карактеристики и потенцијални примени во иднина.