Најавените американски барели ја спуштија цената на нафтата на 104 долари

Цените на нафтата паднаа во петокот во нервозното тргување на меѓународните пазари на 104 долари за барел под влијанието на најавите од САД дека на пазарите ќе пласираат 180 милиони барели од резервите и загриженоста за кинеската побарувачка.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше за 63 центи помалку во однос на претходното затворање и изнесуваше 104,08 долари. Во четвртокот го заклучи тргување во минусот од 5,54 долари.

На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 99 ценит по пониска цена, од 99,29 долари. Во четвртокот го заклучи тргувањето во минус од 7,54 долари.

Организацијата на земјите извезнички на нафта (OPEC) во петокот беше објавено дека барелот од референтната кошница нафта на нејзините членки во четвртокот чинел 107,74 долари, што значи дека поевтинил за 2,72 долари во одност на затворањето на тргувањето во средата.

Пазарите во четвртокот беа „оладени“ од изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека во следните шест месеци, почнувајќи од мај, на пазаро ќе пласира по милион балери дневно од стратешките резерви, најмногу откако резервите се воспоставени. Барем декларативно, такви изјави доаѓаат од десетици земји, сојузници на САД.

За пласманот на нафтата од стратешките резерви би требало подоцна во петокот да се дискутира на вонредниот состанок и членките на Меѓународната агенција за енергија (IEA), совотедавното тело на Организацијата за економска соработка и развој (OECD).

„Претстојната поплава од американски барели не го менува фактот дека пазарите тешко ќе обезбедат доволно снабдување во наредните месеци. Американската најава бледи пред процените дека санкциите и стравот на купците од пазарите ќе исфрли три милиони барели руска нафта дневно“, вели Стивен Бренок, аналитичар од PVM.

Водечките производители на нафта во OPEC и нивните сојузници предводени од Русија, заклучија во четвртокот дека во мај ќе го зголемат производството за само 432.000 барели дневно, и покрај притисоците на Западот на пазарите да пласираат значително повеќе нафта.

Тег за цените на нафтата беше и загриженоста во врска со побарувачката поади затворањето на кинсекиот финансики центар Шангај, за да го запре локалното жариште на Covid-19.