Најавените врнежи поволни за земјоделството

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Актуелните временски услови со променлива облачност и врнежи се очекува да ја зголемат влагата во почвата која им е неопходна на житните култури, овошните видови и виновата лоза. Агрометеоролозите препорачуваат земјоделските производители да продолжат со активностите и грижата на посевите.

Неопходно е, додаваат, да се расчистат и одводните канали за полесно одлевање на површинските води.

-Под влијание на серија влажни бранови времето ќе биде променливо облачно, наместа со врнежи од дожд. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка. Ваквите временски услови, со нови врнежи од дожд, се очекува да ја подобрат состојбата на влага во почвата, која е потребна кај житните култури, кај овошните видови, кај виновата лоза. Обезбеденоста со вода е многу важен услов за нормален раст и развој кај сите култури. Исто така и есенските посеви продолжуваат со развој за што им е потребна висока влага. Водата исто така е неопходна и за останатите култури, поради нивниот интензивен развој има и поголема потрошувачка на вода, велат агрометеоролозите од УХМР.