На австралиска плажа палеонтолог ентузијаст пронашол заби од предисториска гигантска ајкула, којашто била двапати поголема од сега најголемиот вид – белата ајкула, пишува порталот Phys.org.
Филип Малали случајно наишол на уникатниот артефакт, кога шетал низ областа Јан-Џук, која се наоѓа околу 100 километри од Мелбурн.
„Одев по плажата во потрага по фосили, се подзавртев и видов парче од заб во камен. Знаев дека ова е важно откритие кое треба да го споделиме со луѓето“ ијаво Малали.
Вишиот куратор на палеонтологијата на ’рбетниците во музејот во државата Викторија, Ерих Фицџералд, потврдил дека седумсантиметарските заби припаѓаат на одамна исчезнатиот предатор познат како големата остро-теснозабеста ајкула (Carcharocle angustidens).
Овој вид ајкула ги населувала океаните на Австралија пред околу 25 милиони години, хранејќи се со мали китови и пингвини. Таа можела да достигне до девет метри во должина.