На австриски пациент ампутирана погрешна нога

На осудесет идвегодишен маж во Австрија му е ампутирана погрешната нога, објави болницата во четвртокот ветувајќи темелна истрага за бизарната трагедија.

Клиниката во Фриштад објави дека погрешната нога била означена за отстранување пред операцијата, што довело до грешката, нарекувајќи ја „трагична грешка во лекувањето“.

Грешката била забележана дури при промената на преврската. За пациентот сѐ уште е неопходна ампутација на заболената нога.

Здравствените власти бараат одоговори, а за случајот е известено и обвинителството.

Сопствениците на болницата објавија дека пациентот пател од повеќе болести. Проблемите влијаеле на двете нозе, на едната толку многу што требало да биде отстранета.

„За жал, грешката се случила по низата несреќни случаи. Ве уверуваме дека правиме сѐ да го разјасниме овој случај и ги проверуваме интерните постапки“, се наведува во соопштението за јавноста,.

Пациентот и неговото семејство добиле понуда за психолошко советување.