Најавува ли Заев нов скандал: Можно е Камчев и мене да ме снимал

Според последната изјава на премиерот Зоран Заев, можеби постојат и снимки од негови разговори со бизнисменот Јордан Орце Камчев, кој е првиот сведок во скандалот со повечемилионска изнуда во случајот „Рекет“ за кој во притвор е и специјалната обвинителка Катица Јанева.

Во интервју на Заев за неделникот Фокус, како што забележува порталот Експрес, премиерот не ја исклучува можноста бизнисменот Камчев да го снимал и него лично како што тоа го сторил и со останатите.

На прашање дали постои можност Камчев кога го посетил во кабинетот за да го приjaви peкeтот од страна на првиот човек на телевизијата ТВ1Бојан Јовановски Боки 13 да вршел снимање, премиерот не ја отфрла таквата опција:

Не можам да кажам дали ме снимал. Ако снима секаде, можно е да ме снимал. Кога се влегува тука кај мене, прво се оставаат телефоните, според процедурата, за да имаме слободни состаноци, вели Заев кој знае дека во неговиот кабинет се поставени апарати кои можат да идентификуваат дали во просторијата се наоѓаат уреди за снимање.

Заев притоа не открива дали е можно да се снимени и телефонските разговори што ги имал со бизнисменот Орце Камчев и дали во нив има пикантерии кои можат да се најдат пред пошироката јавност.