На Барса ѝ беше доволно едно полувреме со Вилјареал

Фудбалерите на Барселона во својот прв натпревар во новото шпанско првенство со 4:0 (4:0) го победија Вилјареал, на премиерата на новиот тренер Роналд Куман.

Победникот беше решен веќе во првото полувреме, кога Барселона ги постигна сите четири погодоци. Првите два гола ги постигна 17-годишниот Ансу Фати, во 15 минута на повратна топка од Жорди Алба, а во 19 минута на додавање на Фелипе Коутињo. Фати беше заслужен и за третиот погодок, бидејќи по прекршокот над него беше досуден пенал кој во 35 минута го реализираше Лео Меси. Во последната минута од првото полувреме гостинскиот бек Торес нафрлувањето на Меси кон Серхио Бускетс го сврти во својата мрежа поставувајќи ги конечните 4:0. Вториот дел продолжи со создавање шанси пред голот на гостите, но без реализација.

Во првиот настап сезонава Севилја на гостувањето го победи Кадиз со 3:1. Домашнитe поведоа во 48 минута со голот на Салви, но Севилја направи пресврт со три погодока. Израмни Лук де Јонг во 66 минута, а водството го донесе Мунир во 90 минута, додека победата ја потврди повратникот во дресот на Севрилја, Иван Ракитиќ во четвртата минута од судиското продолжение. За Кадиз ова беше вториот пораз во трите одиграни натпревари.

Прв меч сезонава имаше и Атлетико Мадрид кој со 6:1 ја демолираше Гранада, со два погодока и асистенција за 20 минути на прогонетиот од Барселона, уругвајскиот напаѓач Луис Суарез.

Суарез кој беше протеран од новиот тренер на Барселона Роналд Куман, во петокот го доврши минувањето во Атлетико, доби шанса во последените 20 минути од натпреварот а само две минути откако влезе во игра му асистираше на Маркос Љоренте за погодоик. До крајот Суарез двапати се впиша меѓу стрелците, во 85 и во третата минута од судиското продолжение.

Головите за „Јорганџиите“ ги постигнаа уште Диего Коста во 9, Анхел Кореа во 47, Жоао Феликс во 65 и Љоренте во 72 минута, а за Гранада стрелец беше Хорхе Молина во 87 минута. Победата на Атлетико можеше да биде и поубедлива, но Саул во 16 минута не реализираше пенал.

На табелата водат Бетис и Гранада кои од три натпревара сопраа по шест бодови, а Реал Сосиедад и Селта Виго имаат по пет бодови.