На Барса ѝ се заканува стечај

Каталонскиот фудбалски великан Барселона се наоѓа во многу тешка финансиска ситуација и за неколку месеци би можела да заврши во стечај, тврдат во саботата водечките шпански дневни спортски весници Marca и As.

Медиумите наведуваат и дека започнале преговорите за намалување на платите, а се наведува дека до 5-ти ноември играчите се откажале од 30 отсто од своите премии или вкупно од околу 190 милиони евра, за да го спречат стечајот.

Најголемиот кусок во касата на Барселона доаѓа од продадените влазници. Имено, Барса е позната по најголемиот број продадени годинишни претплати и по највисокиот просек на гледачи.

По оставката на претседателот Жозеп Бартомеу, клобот го презема Карлес Тускетс, кој изјави дека прво има намера да ги среди финансиите на Барса.