На Бистра снег, на Шапка само дожд

Според последните информации од метеоролошките станици низ земјава, во северозападниот планински дел, на местата повисоки од 1100 м.н.в. има повремени врнежи од снег со слаб до умерен ннтензитет, јавува УХМР.

Времето денеска со интензивни врнежи од дожд и релативно ниски температури.

Порталот skimacedonia.mk, пишува дека денес на Бистра снегот се појави дури до долната граница на ски центарот Маврово што е на околу 1.250 метри, наспроти тоа на Шапка сеуште дождот владее иако е сместена на 1.800 метри.