![2-4-960x443](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/2-4-960x443.jpg?resize=696%2C321&ssl=1)
Денеска (31.12.2023) во 14.30 часот на скопски Бит пазар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 33-годишниот Р.А. од Скопје, кој е затекнат како на импровизирана тезга продавал поголемо количество разновидни пиротехнички средства.
При тоа пронајдени и одземени се 21524 пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против Р.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.