Најбогатиот човек на светот, извршниот директор на компанијата Amazon, Џеф Безос, објави дека воспоставува нов фонд наречен Bezos Earth Fund, наменет за борбата со климатските промени.
„Сакам подобрување на вече изучуваните методи и откривање на нови методи во борбата со уништувачките ефекти од климатските промени“, напиша Безос на својот профил на Instagram.
За спротиставување на „најголемата закана за нашата планета“ тој ќе одвои 10 милијарди американски долари. Според Безос, со овие пари Фондот Земја ќе ја финансира работата на научници, активисти и невладини организации кои се занимаваат со решавањето на овој проблем.
„Ќе започната да делам грантови ова лето“, истакнува милијардерот.
Безос, исто така, апелира до компаниите, светските влади, меѓународните организации и обичните луѓе со повикот да започната да работат заедно.
„Земјата е она што нѐ обединува сите, ајде да ја зашититеме заедно“, предлага Безос.
Претходно годинава беше објавено дека Џеф Безос повторно е на чело на листата најбогати луѓе во светот, според рангирањето на магазинот Forbes. Со показател од 115,5 милијарди долари, тој го мина челникот на „ Louis Vuitton Moеt Hennessy“, чиешто богатство е проценето на 112,9 милијарди долари.