Најбогатите Американци со Бајден го зголемија богатството за 195 милијарди долари

Богаството на најбогатите Американци во првите сто дена од владеењето на демократскиот претседател Џо Бајден се зголемило за 195 милијарди долари, наведува агенцијата специјализирана за вести од деловниот свет Bloomberg.

Вкупното богатство на 100-те најбогати граѓани во САД достигнало 2,9 билиони долари до 30-ти април, што претставува раст од 195 милионарди долари од инаугурацијата на Бајден на 20-ти јануари. Истовремено, богатството на 50 отсто американските граѓани со најниски примања изнесува само 2,5 билиони американски долари.

Главната причина за толку забележливо и брзо збогатување е растот на берзата поради ширењето на вакцинирањењето на надвледувањето на пандемијата на коронавирусот. Главните берзански индекси растеа речиси контиунирано од февраури, надминувајќи еден по еден рекорден показател. Така, индексите Dow Jones и S&P 500 пораснаа за повеќе од 100 отсто во текот на овие месеци.

Мерките за поттикнување на економијата и засилената програма за вакцинирање кои се случија во првите сто дена од власта на Бајден го поттикнале брзото закрепнување, а со тоа и растот на берзите и богатствата на најбогатите Американци кои имаа достап до пазарите на акциите.

Меѓутоа, аналитичарите потсетуваат дека позитивните трендови во САД се забележани и во последните седмици од мандатот на претходниот републикански претседател Доналд Трамп, и богатството на 100-те најбогати Американци пораснало за 267 милијарди долари од 4-ти ноември 2020 до 20-ти јануари 2021 година, односно инаугурацијата на Џо Бајден.

Американското стопанство закрепнува побрзо отколку што се очекуваш. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF) предвидува раст на бруто домашниот производ на САД оваа година од 6,4 отсто.