На брегот на Мадагаскар се пронајдени делови од малезискиот авион, што пред две години исчезна летајќи на релацијата Куала Лумпур-Пекинг.
Би-Би-Си пренесува дека, според фотографиите, еден од пронајдените делови на трупот на авионот личи на дел од авионско седиште.
Фотографиите ги снимил Блејн Гибсон, кој веќе пронајде некои делови во Мозамбик, пренесува МИА.
Во авионот на летот МХ370, од Куала Лумпур за Пекинг, имаше је 239 патници и членови на екипажот, кога исчезна од радарите во март 2014 година.