На бремените во Британија им се препорачуваат вакцините на „Pfizer“ и „Moderna“

Бремените жени во Велика Британија би требало да се вакцинираат против коронавирусот со препаратите на „Pfizer“ и „Moderna“, бидејќи има повеќе стварни податоци дека се безбедно, објави во петокот телото кое ги издава насоките за имунизацијата.

Заедничката комиија за вакцинирање и имунизација (JCVI) наведува дека околи 90.000 трудници се вакцинирани во САД, повеќето со овие две американски вакцини, и дека немало никакви сериозни нуспојави.

„Врз ови податоци, JCVI советува на бремените во Велика Британија, кога тоа е можно, да им се даваат вакцинтие на Pfizer/BioNTech или Modernа. Нема докази дека другите вакцини не се безбедни за трудниците, но потребни се дополнителни испитувања“, се наведува во сооштението.

На бремените во Обединетото Кралство претходно им беше советивано да не се вакцинираат, бидејќи нема доволно податоци за нуспојавите.

„Им препорачувам на сите бремени, кога ќе го добијат повикот за вакцинирање, да дојдат и да разговараат за ползата и ризиците со сигурен извор, како што се нивните семејни лекари, гинекологот или бабицата“, изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Бротанија неодамна советуваше помладите од 30 години, доколку е можно, да се вакцинираат со некоја друга вакцина намести со „Oxford/AstraZenecа“ поради „извонредно“ ретката нуспојава на згрутчувања на крвта во мозокот.