На челниците на ЕУ им е претставен компромисниот предлог за деблокада на буџетот

Германското претседателство со Советот на Европската унија подготвило нацрт на решението за отстранување на унгарско-полската блокада на големиот финансиски пакет, според кој одлуката за поврзување на доделување на средствата на ЕУ со владеењето на правото не би можела да се примени сѐ додека тоа не го одобри Судот на ЕУ.

Ваквото решение коешто германското претседателствување го испреговарало со Унгарија и Полска им било претставено во средата доцна попладнето на амбасадорите на земјите членки. Сега е потребно да го потврдат челнциите на земјите членки, кои подоцна во четвртокот ќе се собарат на дводневниот самит во Брисел. За одлуката е потребна согласноста од сите земји членки.

Според предложениот компромис, уредбата со којашто се условува доделување на средствата од фондовите на ЕУ со владеењето на правото во поединечните земји членки останува непроменета, а Унгарија и Полска преку интерпретативна изјава би добиле гаранција дека механизмот ќе биде користен објективно и непристрасно. Двете земји, кои се водени од конзервативни десни влади се во повеќегодишен спор со бирократите во Брисел, поради наводното кршење на владеењето на правото, влиание врз самостојноста на судовите и медиумите, како и невладините организации.

Во интерпретативната изјава се појаснува како и кога може да се активира механизмот со кој се условува доделувањето на парите од фондовите на ЕУ со почитување на владеењето на правото. Според нацр-текстот, Европската комисија нема да предлага мерки според уредбата за механизмот за условеност, додека не ги разбработи насоките за примена на маханизмот, а тие насоки може да бидат довршени дури по одлуката на Судот на ЕУ. Тоа значи дека нема одлука за санкции пред одлуката на Судот.

Според предложениот компромис „примената на механизмот на условеноста ќе биде објективна, праведна, непристрасна и втемелена на факти“, при што сите држави членки се третираат еднакво и без дискриминација.

Исто така, според предложениот текст, механизмот за условеност ќе биде применуван само за програмите коишто се финансираат во рамките на новата повеќегодишна финансиска рамка и планот за закрепнување, не и за проекти кои се финансираат од сегашната рамка за периодот 2014/2020 година. Претходно беше предвидено дека маханизмот ќе се применува за сите исплати од буџетот на ЕУ, почнувајќи од 1-ви јануари 2021 година, вклучително и финансирањето од сегашена повеќегодишна рамка, од која средствата може да се трошат уште следните три години.

Тоа во практиката би значело дека маханизмот не ќе може да се применува пред 2022 и 2023 одина, кога ќе започне да се спроведуваат проектите во рамките на новите програмни од следниот седумгодишен буџет на ЕУ.

Поради механизмот на условеност, Унгарија и Послка го блокираат носењето на делот од пакетот за седумгодишниот буцет на ЕУ и планот за закрепнување. Повеќегодишната финансиска рамка за периодот од 2021 до 2027 година изнесува 1.074 милијарди евра, а вонредниот инструмент за заздравување на економијата по пандемијата на коронавирусот наречен „ЕУ на следното поколение“ изнесува 750 милијарди евра, од кои 390 милијарди евра на државите членки би им се доделувале како неповратна помош, а 360 милијарди евра преку поволни заеми.

Без усвојувањето на целиот пакет не може да се донесе ниту годишниот буџет за 2021 година и ЕУ би морала да се финансира според привремениот буџет, кој функционира по системот на „проивремените дваенаестини“. Овој систем предвидува дека месечно не смее да се потроши повеќе од една дванаесеттина од буџетот од минатата година. Но тоа со себе носи и многу негативни импликации, меѓу другото и значитечно намалување на средствата, особено за кохезиските средаства (буџет) и за рурален развој, кои се важни за посиромашните земји членки.

Кога станува збор за инстументот „ЕУ на следното поколение“, другите 25 земји членки, доколку не се постигне договор, би мораче да одат на алтернативно решение за да се заобиколи ветото од Унгарија и Полска.