Поранешната претседателка на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, требаше да добие поголема казна во коруптивниот случај „Рекет“, особено што беше претставник на извонредно моќна и значајна општествена позиција, оцени Мирјана Најчевска, поранешен претесетал на Бордот на Хелсиншкиот комитет и универзитетски професорот во своето гостување во телевизија 24
Во случајот „Рекет“ претјодно во четвртокот судот го осуди естрадниот лик и спопственик на поранепната телевизија ТВ1, Бојан Јовановски попознат како Боки 13, го осуди на 9 година затвор, а специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на 7 години казна затвор.
Најчевска истакна дека според неа Јанева требало да добие многу поголема казна од Боки 13, па дури двојно или трипати поголема казна од неговата казна.
„Катица Јанева е човек којшто бил поставен на една многу клучна, многу моќна позиција во одбрана на правото, значи тоа е човек кој што не требало само да го прекршува правото и не се очекува да го прекршува правото туку напротив се очекува правото и никако да не подлегне на било какви искушенија кои што значат прекршување на истото. Според мене казната за неа треба да биде многу различна и казната за Катица Јанева треба да биде дупло или тродупло поголема во однос на ова на Бојан Јовановски, рече Најчевска