Откако италијанскиот весник „Ла Верита“ во своето денешно издание ги објави писмата на Венко Филипче до Пекинг каде строго се фаворизирала фантом фирмата „Starbi International“ во Хонг Конг, која нема фармацевтско порфолио, Антонио Милошоски прашува на чија сметка Заев и Филипче го уплатиле авансот од парите за 200.000 вакцини?
„Додека граѓаните се борат за сопственото здравје и живот, Филиче и Заев се бореле за провизии при набавката на вакцини преку фантом фирмата Starbi International регистрирана во Хонг Конг.
Која е оваа фирма, регистрирана септрмври 2017 во Хонг Конг и зошто Заев и Филипче ја одбрале токму неа, и дали ќе го објават преддоговорот на министерот за здравство со Starbi International?
На чија сметка Заев и Филипче го уплатиле авансот од парите за 200.000 вакцини и дали трката по провизии била главната причина зошто Кина не сакала да склучи договор за вакцини со владата на Заев?“, напиша Милошоски на својот Фејсбук профил.