На Црниот петок чикашката полиција во автомобилска потера уапси три жени со украдени стоки

По автомобилска потера полицијата во Чикаго уапсила на Црниот петок три жени кои украле стоки во вредност од 2.500 американски долари.

Патролирајќи пред еден од трговските центри во градот, полицајците забележале во бел „шевролет импала“ три жени за кои имале информации дека извршиле кражби на подрачјето на Чикаго. Полицајците се обиделе да ги запрат, но тие се дале во бегство.

Во текот на потерата се судриле со полициски и со уште два автомобила, и на крајот слетале во јаз. Но и тука не бил крајот на потерата, бидејќи жените излегел од возилото и почнале да бегаат. Полицајците по куса брканица успеале да ги стасаат, со тоа пто 18-годишната возачка успеале да ја приведат дури по употреба не елктрошокер.

И „шевролетот“ со копј бегале , исто така, бил украден. Во текот нa пребарување на авомобилот, полицајците нашле украдени скапи парфеми, чизми и облека во вредност од 2.500 долари.

На возачката ѝ е одредена кауција од 250.000 долари, а е обвинета покрај другото и за опирање при апсење и треба да биде изведена пред суд на 18-ти декември. Другите две девојки, на 20 и 21-годишна возраст под залог од 20.000 долари ќе се појават пред судот на 5-ти декември.

На Црниот петок, ден по празникот Ден на благодарноста, Американците одат во масовно и хистерично пазарување, бидејќи тогаш се најголемите попусти.