Во Полициска станица Драчево во четвртокот било пријавено дека било пронајдено безживотното тело на 45-годишниот Г.Б. од скопскот село Зелениково.
Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, информира МВР.