
Астралиските власти ја истражуваат причината за смртта на 14 млади „Уљешур“ китови кои беа пронајдени насукани на брегот на југоистокот на земјата, соопштено е денеска. Китовите биле пронајдени вчера на островот Кинг, кој ѝ припаѓа на австралиската сојузна држава Тасманија.
Тимот на владината програма за зачувување на морето денеска отпатува на островот за да изврши обдукција на китовите и да се обиде да ја утврди причината за смртта.
Властите рекоа дека ќе биде спроведено и воздушно истражување за да се утврди дали во близина има уште насукани китови.
Сурферите и пливачите се предупредуваат да ја избегнуваат оваа област.