Најдено безживотното тело на исчезнатата прилепчанка

Припадници на спасителската служба „Златоврв“, како и други лица кои се вклучија во потрагата во саботата утрото во вештачкото езеро крај Прилеп го пронајдоа безживотното тело на 50-годишната Весна Николоска Весна од Прилеп која пред три ноќи заминала од својот дом во непознат правец.

Увид на самото место е извршен од страна на Јавениот обвинител и екипа од СВР Битола- ПС Прилеп.

Три дена и три ноќи прилепчани, во организирани потраги ја пребаруваат прилепската околина, најдевајќи се дека ќе ја пронајдат, при тоа пронаоѓајќи одредени показатели дека жената, тука, на одредено место, престојувала на кратко.

На социјалните мрежи се споделуваа информации, каде се наводно била видена, но  најчесто сите потраги завршуваа безуспешно. Семејството дури понуди и парични награда за пронајдување на нивната мајка. Но, се остана залудно!

Весна Николоска била успешена жена претприемач која водела семеен слаткарски бизнис. Прилепчани ќе ја паметата како голем борец, одличен мајстор на својот занает, постојано во потрага по нови слаткарски изненадувања, во кои уживаа сите кои ја посетуваа познатата слаткарница „Дизниленд трејд“, и како одговорен граѓани, посветена кон своето семејство и пријателите.