![Tetovo-Portalb-1068x563](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/01/Tetovo-Portalb-1068x563.jpg?resize=696%2C367&ssl=1)
Утрово околу 9 часот и 30 минути е најдено починато лице во непосредна близина на градскиот трговски центар во Тетово.
Веднаш потоа полицијата го обезбеди местото и започна увид заедно со претставниците на Обвинителството.
-Јавен обвинител изврши увид на лице место. Издадена е наредба за обдукција на починатата, како и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор. Се преземаат сите дејствија за целосно расчистување на настанот, информираа од Обвинителството.