Додека во неделата во Македонија Кирил Пејчиновиќ беше канонизиран за свет на Македонската православна црква – Охридска аруепископија, на платформата Wikipedia се појави оддел во кој е претставен како Бугарин.
Во неговата биографија на интернет енциклопедијата, доколку изберете бугарски јазик, ќе прочитате дека Пејчиновиќ е бугарски книжевник и просветител, дека го бранел „македонскиот“ идентитет, говорејќи на новобугарски јазик во склоп на неговата татковина Бугарија.
Во бугарскиот провокаторски текст пишува и дека тој е основоположник на модерна Бугарија и се занимавал со промовирање на раната бугарска ренесанса.
Бугарскиот проф. д-р Пламен Павлов, предавач на Историскиот факултет на Универзитетот во Велико Трново „Свети Свети Кирил и Методиј“ вели дека канонизацијата на Пејчиновиќ во Македонија била богохулење, апсолутно кршење на билатералниот протокол меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и невидена злоупотреба на историјата.
„Македонската православна црква долго време размислува за канонизација на Пејчиновиќ. Тоа не е невообичаено. РСМ на ист начин ги третира Гоце Делчев, Даме Груев, Цар Самуил и цела плејада наши заеднички народни херои. Во случајот со Кирил Пејчиновиќ, а со и Јоаким Крчовски – за кој се подготвуваат да го канонизираат, со овие наши рани преродбеници се случува токму истото непочитување на историјата, склоно кон чиста рамнодушност. Овие луѓе имаат бугарска самосвест – Кирил Пејчиновиќ вели дека „пишува на својот љубезен и наједноставен бугарски јазик“ – секаде се појавува како Бугарин, а би било смешно да се тврди нешто друго“, вели Павлов.
Во официјалните документи во црковните архиви, Пејчиновиќ со прекар Тетоец, е роден во Теарце, тој е еден од основоположниците на новата македонска книжевност, пишувал македонски тетовски дијалект. Заминал на Света Гора, а по враќањето дома, Пејчиновиќ го возобновил Лешочкиот манастир, бил негов игумен, а како монах таму служел до крајот на животот.