Иако во текот на денот високите температури се неподносливи, навечер тоа може да биде уште поголем проблем. Што се случува во телото ако цела ноќ се вртите по креветот барајќи ја најдобрата поза за спиење? Според експертот за спиење Џејмс Лејнхард, постои положба за спиење во која ќе бидете помирни во текот на летните горештини, пишува Mirror.
Положбата може да влијае на квалитетот на сонот во текот на летните горештини, а експертот советува да избегнете спиење на стомак, освен ако морате поради здравствени причини. Спиењето на стомак може да предизвика неправилно дишење и немир, што никако не е од корист во текот на топлото време.
Лејнхард тврди дека положбата во која лежиме е голем фактор со кој може да го контролираме ладењето на телото, а најдобра положба е лежењето во полу фетална положба.
„Ако навечер се вртите и движите, растат отчукувањата на срцето. Поради тоа ви е потопло бидејќи телото пумпа повеќе крв“, објаснува тој.
Според него, важно е да ни биде удобно во креветот и да се наместиме во споменатата положба бидејќи тоа е најдобриот начин да се одржи пониска телесна температура.