Најдобрите македонски одбојкари ќе дебитираат во Европската златна лига

Одбојкарската федерација на Македонија денеска потврди дека следната година и машката и женската сениорска репрезентација ќе се натпреварува во репрезентативните натпреварувања на ЦЕВ.

По четири сребрени медали и две бронзи најпрво во единствената Еврпопска, а потоа во таканаречената Европска сребрена лига, машката селекција првпат ќе игра во Европската Златна лига.

Нашите одбојкари ќе бидат во група со Украина, Белгија и со Хрватска, а пресметките со овие силни репрезентации ќе послужат како подготовка за учеството на Европското првенство.

Првопласираните селекции од трите групи ќе обезбедат место на завршниот турнир кој ќе се одржи во Хрватска на 24 и 25 јуни.

Во истиот период, македонската женска сениорска репрезентација првпат ќе настапи на оваа меѓународна сцена. Дамите ќе играат во Европската сребрена лига, а во деби настапот, ќе бидат во групата „А“ со Австрија, Естонија и со Летонија.