На една од двете најпопуларни американски лотарии Mega Millions во петокот вечерта по локално време е извлечена главната премија од 450 милиони долари, што е четвртата најголема добивка во историјата на оваа игра на среќа, објави калифорниската лотарија.
Добитниот лоз уплатен на Флорида ги содржи сите шест победнички бројки: 28,30, 29, 59, 70 и 10. Шансите за добивка на лотаријата Mega Millions изнесуваа 1 наспроти 303 милиони.
Mega Millions се приредува во 44 сојузни држава, федералниот округ Колумбија односно дистриктот Вашингтон и на Американските Девствени острови.
Идентитетот на добитникот кој за два долара добива 450 милиони долари во текот на 29 годишни рати или 281 милиони долари доколку се реши премијата да ја подигне одеднаш, не е објавен.
Најголемата сума освоена на Mega Millions изнесуваше 656 милиони во 2012 година, кога добитни беа три лоза чии сопственици ја поделија сумата.
Американските играчи на лото имаат нова можноста за брзо и енормно богатење во саботата вечерта кога се извлекуваат бројките за главната премија на лотаријата Powerball, која изнесува околу 570 милиони долари, што е петтата најголема добивка во историјата на оваа игра на среќа.
Можноста за добивка на Powerball изнесува 1 наспроти 292 милиони. Статистичарите велат дека тоа значи дека тоа значи дека секој Американец има 25 пати поголеми шанси да стане претседател на САД отколку да ја освои главната премија на Powerball.
Лотаријата Powerball се приредува во 44 сојузни држава, федералниот округ Колумбија односно дистриктот Вашингтон, на Американските Девствени острови и во Порторико, а лозот, исто така, чини два долара.
Најголемата добивка на Powerball изнесуваше 1,6 милијарди долари, а го поделија добитници од Калифорнија, Флорида и Тенеси во јануари 2016 година.
Во собирот на овие две главни премии на најиграните лотарии, е третиот по големина во историјата на американските лотарии.