На екипата на Радио Слободна Европа не ѝ беше дозволен влез во Пела

На екипата на Радио Слободна Европа денеска не и бил дозволен влез во градот Пела во Грција, каде што се одржува централниот протест на „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“. Образложението на грчката полиција беше дека влезот не е дозволен поради безбедносни причини.

Спое новинарите на РСЕ, полицајците се повикале и на соопштението на македонското МНР во кое се препорачува македонски државјани да ги избегнуваат местата каде денеска се одржуваат протести против користењето на името Македонија, во називот на името Република Македонија.

Грчката полиција наредила на екипата на РСЕ да го напушти местото по проверката на патните исправи и новинарските легитимации.

Инаку, вечерва протести се одржуваат во 20 населени места ширум Грција, за како што беше најавено, зачувување на грчкиот карактер на Македонија. Протести се одржуваат во Пела, Кавала, Драма, Серес, Кукуш, Поликастро, Воден, Лерин, Костур, Птоле-маида, Катерини, Лагадас и во туристичкото место Неа Мудања на Халкидики.

Во многу градови, јавува дописничката на МИА од Атина, демонстрациите се поддржани од локалната самоуправа, од градоначалниците, како и од свештеници.