Судењето за лажните бугарски пасоши на Горан Грујевски и Никола Бошковски во Судот во Солун е одложено за 1 декември. Двајцатана 18 декември беа уапсени на аеродромот во обид со лажени пасоши и идентитети да избегаат во Будимпешта. Беа изведени пред судот во петокот, но поради немање преведувач судењето беше презакажано за денеска.
Денеска, тие и нивните адвокати од Грција и еден од Македонија со часови чекале во судницата за да се појави преведувач. Во судницата Грујевски и Бошковски влегле со капчиња на глава и тренерки.
Претходно грчки медиуми јавија дека Грујевски и Бошкоски може да бидат екстрадирани кон крајот на ноември или во првите недели на декември годинава, а дотогаш ќе бидат во притвор во Грција.
Постапката од македонска страна ќе ја води Министерството за правда, кое од МВР го има добиено известувањето од Интерпол-Атина за Бошкоски и Грујевски, кои се бараа со меѓународна потерница. Министерството за правда минатата недела соопшти дека доставило барање до надлежниот суд во Скопје за подготовка на целокупната документација за нивна екстрадиција, откако е добиено официјално писмо од Централни полициски служби на МВР.