На филмски фестивал „Карлови Вари“ специјална награда за дебитанскиот филм „Сестри“ на режисерката Дина Дума

Дина Дума (лево) со продуцентката Марија Димитрова фото: Фејсбук

На најголемиот чешки филмски фестивал „Карлови Вари“ македонскиот филм „Сестри“ , кој е режисерско деби на Дина Дума, ја освои Специјалната награда на жирито во програмата „Источно од Западот“.

„Сестри“ е приказна за две тинејџерки (ги играат Антонија Белазелкоска и Миа Жоро) чие пријателство е ставено на тест, откако ќе се соочат со последиците од нивното однесување. Филмот се снимаше во 2019 година на локации низ Скопје.

„Сестри“ беше дел од натпреварувачката програма „Источно од Западот“, каде што се натпреваруваат први или втори филмови на авторите и документарци од Централна и Источна Европа, Балканот, земјите од поранешна СССР, Средниот Исток и Северна Африка. Гран при во оваа селекција освои филмот „Рус“ на Владимир Мункуев од Јакуцк, Русија.

Главен победник на филмскиот фестивал е „Страхиња Бановиќ“ од српскиот режисер Стефан Арсенијевиќ, кој го освои Кристалниот глобус, а освои и награди за најдобар актер- Ибрахим Кома и најдобра кинематографка- Јелен Станковиќ. Наградата најдобар режисер ја освои Дитрих Бругеман за „Не“ од Германија.