Научниците откриле два лека што може да го запрат ширењето на вирусот Зика во телото и да го спречат неговото пренесување од мајката на новороденчето, се наведува во известувањето што е објавено овој викенд во магазинот Nature Medicine.
Експертите од Универзитетот во Флорида, Џонс Хопкинс почнаа да истражуваат дали може постоечките лекови некако да влијаат на сузбивањето на Зика вирусот и уверени се дека пронашле решение.
Процесот на пронаоѓање и развивање на новиот лек за вирусот може да трае со децении, тврди Хонгјун Сонг, еден од авторите на Известувањето.
Во оваа ситуација, кога ни се заканува глобална здравствена опасност, немаме време за губење. Наместо да бараме нови лекови, избравме да побараме решение меѓу постоечките. Се надеваме дека многу побрзо ќе најдеме адекватна терапија на овој начин.