На Флорида убиен кошаркарот Адрејан Пејн

(Photo by Fernando Medina/NBAE via Getty Images)

Кошаркарот Адрејан Пејн, кој настапуваше и во НВА лигата, загинал во понеделникот на 31 години во пукање на Флорида, соопшти полицијата на оваа американска сојузна дражава.

„Во 1.37 часот на 9-ти мај, замениците на шерифот на округот Оринџ одговорија на повик од блокот 2500 Игрет Шорс Драјв во Орландо во врска со пукање. Маж, идентификуван како Адејан Пејн, роден на 19-ти февруари 1991 година, застрелан е и прогалсен мртов во болница“, се наведува во објавата на локалните власти на Twitter.

Полицијата додва дека 29-годишното лице осомничено дека пукало, кое останало на местото на настанот, е приведено поради убиство од прв степен. Не се објавени никави податоци за потивот на оваа трагедија.

Пејн, поранешна универзитетска кошаркарска ѕвезда на Мичиген Стејт, беше избран на драфтот во 2014 година како 15-ти пик од страна на Аталната Хокс, но не се наметна во тимот.

Настапуваше уште за Минесота Тимберволфс од 2014 до 2017, Орландо Меџикс во 2018, па во грчки Панатинаикос во 2018 и 2019 и во кинески Нанџинг пред да одигра две сезона и во Вилурбан во 2019 и 2020 со кој ја освои титулата во Франција.

Пејн потоа мина во турскиот клуб Орманспор, по во литванска Утена, пред да се врати во САД каде беше без ангажман.