На Галичица настрадал параглајдерист од Украина

Параглајдерист од Украина бил тешко повреден откако паднал на планината Галичица, инфорираше МВР.

Вработени во Националниот парк „Галичица“ вчера околу 15 часот пријавиле  дека на планината Галичица, кај месноста „Баба“, паднало лице со параглајдер. Екипа на униформирани полициски службеници од СВР Охрид веднаш е упатена на посоченото место и известена е планинарската служба за спасување како и Итната медицинска помош.

На посоченото место во контактибилна состојба е затекнато лицето О.В. ( 37) од Киев-Украина, кој претходно летал со параглајдер по што, од засега неутврдени причини, изгубил висина и паднал.

Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде се констатирани тешки телесни повреди по што е задржан на понатамошно лекување.  По овласување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршија екипи на СВР Охрид.