На Германија ѝ е потребен рускиот гас, Катар не може самиот да го надомести

LFR

Германија мора и натаму да се потпира на рускиот природен гас за да го исфли од употреба јагленот и да ги заузди цените на енергијата, педупреди извршниот директор на водечката електроенергетска компанија во земјата Е.ON, Леонард Бирнбаум

„Сметаме дека рускиот гас ни е потребен. Особено затоа што сега би требало и повеќе да се потпираме на гасот, бидејќи сакаме да престанеме да го користиме јагленот“, изјави Бирнбаум.

Изрази поддршка за руско-германскиот гасовод Северен тек 2 кој би требало да ги удвои испораките на рускиот гас во Германија, но наиде на критики и обиди да биде запрен од САД и источните европски сојузници кои сметаат дека германската влада направала стратешка грешка.

„Гледаме од перспектива на енергетска компанија, Северен тек 2 помага. Политичката процена можеби е поинаква и за тоа треба да се дискутира во политичката арена“, истакна челникот на E.ON.

Берлин во минатото го критикуваше Вашингтон дека со санкциите чија цел беше да се спречи доизградувањето на Северен тек 2 се обидува да направи простор за пласман на американскиот течен гас (LNG) од шкрилци на европскиот пазар, истакнувајќи дека рускиот гас во принцип е далеку поевтин отколку американскиот.

„Доколку се потпреме на LNG, цените на гасот во Европа ќе бидат многу поголеми отколку досега. За да паднат цените, во Европа мора преку гасоводите да пристигнува повеќе гас. Тоа, секако, значи и увоз од Русија. Се надевам на разумен исход, и покрај моменталните тензии“, појасни Бирнбаум.

И САД и Германија преупредија дека Северен тек 2, кој е доврешен и и го исполни и последното барање на Барлин но сѐ уште не е ставен во целосна функција иако е целосно исполнет со гас, би можел да се соочи со санкции доколку се остварат наводните тврдења на Западот дека Русија ќе ја нападне Украина.

Истовремено во вторникот од Катар дојде предупредување дека оваа блискоисточна земја нема да може самата да ги надомести потребите од енергенси доколку кризата меѓу Русија и Украина предизвика недостиг во Европа.

„Никој не може самиот да ги замени количествата гас потребни за Европската унија, без истовремено да не ги наруши испораките во другите делови од светот. Сугурното снабдување на Европа бара зружени напори на многу актери“, изјави катарскиот министер за енергетика Саад Шериа ал-Кааби во соопштението издадено по средбата со комесарката на Европската унија за енергетика, Кадри Симсон.

Ал-Кааби изрази надежи дека „тензиите во Европа може да се решат на дипломатски начин, за сите набавувачи да можат да соработуваат на јакнењето на енергетската безбедност на кус и на подолг рок“.

САД се упорни дека Русија наводно подготвува инвазија врз Украина и изминатите седмици барале мислење од Катар и други големи произведувачи на гасот дали можат доколку поради американските и санкциите од ЕУ или одговор на Москва дојде до прекин во снабдувањето со руски гас, ќе можат да ги зголемат испораките на енергенсот во Европа.

„Нам во Катар договорните обврски ни се светост“, истакна министерот ал-Кааби, порачувајќи имплицитно дека нема да може да бидат пренасочени дел од испораките коишто според договорите мора да ги испорача во други земји доколку не добие нивна согласност.

Катар е клучниот американски сојузник на Блискиот исток и водечки трговски и политички партнер на ЕУ во регионот.