Од регистрираните 790 новозаболени од Ковид-19 минатата недела, најголем број – 174 (22 отсто) се на возраст од 30 до 39 години, а 172 (21,8 отсто) се на возраст од над 60 години. Потоа следат лицата на возраст од 40 до 49 години, чиј број изнесува 134 (17 отсто) и лицата на возраст од 50 до 59 отсто, чиј број изнесува 129 (16,3 отсто)…
Ова го покажувааат податоците во извештајот на Институтот за јавно здравје објавен денеска, за периодот од 31 август до 6 септември.
Според извештајот, најмал број заболени е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=22; 2,8 отсто) и на возраст од 10 до 19 години (n=40; 5,1 отсто).
Бројот на регистрираните 790 нови позитивни случаи минатата недела (од 31 август до 6 септември) е за 18,9 отсто поголем од бројот на дијагностицираните во седмицата пред неа. Најголем број од регистрираните позитивни случаи од 32 града се од Скопје