Најголем попуст на акциите во Италија во последните 35 години

Италијанските акции се тргуваат со најголемиот попуст на глобалните акции во последните 35 години, бидејќи инвеститорите се загрижени за долгот и за буџетскиот дефицит во втората најзадолжена економија во Европа.

Некои се срамат, други сметаат дека акциите се премногу евтини за да се пропуштат. Историски, италијанските акции беа поевтини од споредливите светски колеги, но тој јаз се зголеми на 50 проценти, што е највисоко од 1988 година, и остана на тоа ниво веќе неколку месеци. Сегашниот попуст е двојно поголем од просекот во последните две децении, пишува пишува Пословни.хр., според информација на „Фајненшл Тајмс“.

Домашните компании се погодени од стареење на населението, долг поголем од 140 отсто од БДП и две децении речиси нула економски раст, само накратко прекинат со закрепнувањето по пандемијата. Во таков амбиент, вреднувањето на италијанските акции е дури пониско од британските, кои се тргуваат со попуст од 33 отсто во однос на светските конкуренти. Италијанскиот пазар на акции „не е одредена област на која би сакал да бидам изложен“, изјави Крис Хиорнс од Eден Три за ФT, наведувајќи ја загриженоста за фискалната перспектива на Италија. Јазот се намали, но сепак е голем, а многумина веруваат дека вистинскиот тест ќе биде во петок, кога агенцијата „Фич“ треба да ја објави најновата оценка за рејтингот на Италија БББ, која во моментов е стабилна.