Најголемата дигитална камера на светот ги направи првите снимки

Научниците од Националната лабораторија за забрзување SLAC при министерството за енергетија на САД ги добија првите пробни снимки со резолуција од дури 3.200 мегапикслеил. Снимките се направени со најголемата дигитална камера на светот, која ќе биде инсталирана на набљудувачкиот телескоп кој се гради во опсерваторијата „Вера Рубин“ во Чиле, соопшти во вторникот официјалната веб-страница на SLAC.

Фотографиите се толку големи што, за нивно прикажување во целосна големина ќе бидат потребни 378 телевизиски екрани со ултра-висока дефиниција 4К, а за споредба таквата резолуција ќе овозможи да се следи топче за голф од оддалеченост од 25 километри. Творците на уредот истакнуваат дека развојот на камерата во SLAC, која беше завршена во јануари годинава, ќе ги доведе деталностите на астрофизичките набљудувања до невидени нивоа.

Откако ќе биде инсталирана на опсерваторијата, камерата ќе прави панорамски снимки на целата јужна хемисфера на небото во текот на десет години. Добиените податоци ќе бидат основа за најголемиот астрономски каталог на сите времиња LSST (Legacy Survey of Space and Time), којшто, како што е планирано, ќе вклучува околу дваесет милијарди галаксии. Научниците, исто така, се надеваат дека информациите добиени со новата камера ќе ги доближат до разрешување на големите мистерии на Универзумот, вклучително и оние поврзани и со темната материја и темната енергија.

„Ова достигнување е едно од најзначајните во целиот проект на опсерваторијата Вера Рубнин. Завршувањето на работата над фокалното рамниште на LSST и неговото успешно тестирање претставува огромно постигнување за тимот инженери коешто ќе ѝ овозможи на опсерваторијата да добива астрономски податоци на новата гернерација“, вели во соопштението Стивен Кан, директорот на лабораторијата SLAC.

Фокалната рамнина на камерата, според научниците, е налик на матрицата на конвенционалната дигитална камера, само е покомплицирана. Со помош на сензорите таа ја лови светлината, емитувана или рефлектирна од некој објект, и ја претвора во електрични сигнали коишто се користат за создавње дигитална слика.

Вкупни површината на камерата содржи 189 индивидуални CCD уреди (матрици), од кои секој обезбедува резолуција од 16 мегапиксели, приближно исто како и сензорите за снимки кај современите дигитални апарати. Групите од девет CCD-матрици и нивната придружна електроника се составени во квадратни блокови наречени „сплавови“, кои од своја страна се собрани на решетка која ги држи заедно.

Станува збор за целосно уникатен уред. Тој не само што содржи неверојатни 3,2 милијарди пиксели, туку и самите овие пиксели се многу мали – околу 10 микрони во широчина. Притоа фокалната (фокусна) рамнина е исклучително рамна, отстапувањата од рамната површна не надминува една десетина од дебелината на влакно од човечка коса. Тоа ѝ овозможува на камерата да снима остри слики со многу висока резолуција.

Целиот телескоп е така дизајниран така што сензорите за снимките можат да пронајдат објекти 100 милиони пати послабо видливи од оние кои се видливи со голо око. Оваа чувствителност овозможува, на пример, да се види свеќа на оддалеченост од неколку илјади километри.

„Овие карактеристики се неверојатни. Тие овозможуваат да се реализира амбициозната научна програма на опсерваторијата Вера Рубин. Овие податоци ќе ги подобрат нашите знаења за тоа како галаксиите еволуирале со текот на времето, и ќе овозможат да се проверат нашите модели за темната материја и темната енергија подлабоко и попрецизно од кога било досега. Опсерваторијата ќе биде одлично место за широк спектар научни истражувања, од детални студии на Сончевиот систем до проучувањето на далечните објекти на работ на видливиот Универзум“, вели научниот соработник на проектот за камерата LSST, Стивен Ритц од Калифорнискиот универзитет во Санта Круз.

Работната температура на сензорите е минус 100 Целзиусови степени, така што целата фокусна рамнина на камерата се наоѓа во внатрешнсота на криостатот. Во текот на следните неколку месеци, експерите ќе додадат леќи, вклучително и најголемата оптичка леќа во светот, затоврачи и систем за замена на фиктрите за проучување на ноќното небо во различни бои. Кон средината на 2021 година камерата со димензија на теренец ќе биде подготвена за последноето тестирање, пред да биде упатена во Чиле.