Најголемиот италијански циркус е затворен откако судијата нареди негово запленување врз основа на обвинувањта за експлоатација на работници мигранти без документи, според судскиот налог и полициското соопштение во петокот.
Единицата за трудова заштита на карабинерите доцна во четвртокот го запленила „Madagascar Circus“ во градот Торино, циркуската опрема и 67 возила, го ограничила движењето на сопственикот и наредила блокирање на неговите банкарски сметки.
Циркусот и неговиот сопственик не одговориле на барањета на медиумите за коментар.
На веб-страницата на циркусот е наведено дека тоа е најголемиот циркус во Италија, кој нуди двочасовна забава со околу 100 животни, акробати и одење по јаже.
Инспекторите ја обвинуваат компанијата за експлоатација на четворица индиски работници без документи, „подложувајќи ги на понижувачки и деградирачки услови за работа и домување и искористување на нивната систуација на потреба“, се вели во судскиот налог.
Биле принудени да живеат во една приколка со уште десет лица, само со едно купатило, добивале од 180 до 250 евра седмично, седум работни дена во седмицата во траење од најмалку 10 часа, додека безбедносната опрема им била оневозможена, се наведува во судската наредба.
Истрагата започнала во април 2023 година кога вработен од Индија бил однесен во болница во кома по несреќа на работното место во близина на Џенова, каде што тогаш се наоѓал циркусот.
Циркусот првично соопшти дека човекот паднал од камион, но истражителите подоцна утврдиле дека тој паднал од височина од 18-20 метри додека демонтирал голем шатор, според налогот и полициското соопштение.
Жртвата, која на крајот закрепнала, ја потврдила оваа верзија на настаните во полиција.
Експлоатацијата на работниците, особено на мигрантите, е проблем во неколку италијански индустрии, со редовни извештаи за случаи во работилници, ресторани, земјоделство, логистика и градилишта на модната индустрија.