Најголемиот дијамант во историјата на рускиот огранок на компанијата „Алроса“ (Diamonds of Alrosa) од 100,94 карати е продаден на наддавње во Женева во средата за 12.840.500 швајцарски франци, односно 14.124.550 милиони американски долари, соопшти аукциската куќа Christie’s.
Станува збор за брилијантот наречен „Тhe Spectacle“, со највисоки карактеристики на бојата и проѕирноста понуден на аукцијата Christie’s Magnificent Jewels.
Создаден е од редок дијамант од 207,29 карати кој е ископан во 2016 година и стана еден од најголемите кои ги извадила компанијата во овој век. На стручњаците на „Алроса“ им било потребно повеќе од година и половината да го избрусат во формата во којашто е понуден. Ископан е во Јакутија на североистокот на Русија во наоѓалиштетот Зарница кој е првиот рудник за дијаманти во Русија, отворен во 1954 година, но со негова активна експлоатација е започнато во 1999 година.
Споредуван е со сличните дијаманти „Winston Legacy“ со 11.73 карати кој во 2013 година на аукција на Christie’s беше продаден за 26,7 милиони долари, и со „Creation I“ од 33,7 милиони долари продаден на наддавање во 2017 година.
Пред наддавањето, цената на дијамантот е проценета на околу 12 до 18 милиони швајцарски франци, односно меѓу 13,1 и 19,7 милиони долари, се наведува во објавата на официјалната страница на е Christie’s.
„Алроса“ е една од трите најголеми компании за вадење дијаанти во светот, а нејзиниот удел во светскиот обем изнесува 25 отсто. Уште 6 отсто отпаѓаат на компанијата „Catoca“ во којашто, пак, „Алроса“ има 41-процентна сопственост. Во Русија компанијата има наоѓалишта во Јакутија и во Архангелската област.
Акционери во компанијата се Риската Дедерација преку Федералната агенција за управување со државна сопственост со 33,02 отсто, републката Јакутија со 25 отсто, како и нејзините областио со 8 отсто. Речиси 34 проценти од акциите се во слободен оптек.