Најголемите ланци маркети лани имале милионски заработки

На прво место со добивка од домашните ланци маркети е ВЕРО кој во 2023  заработил на над 10 милион евра и тоа е речиси 13 отсто повеќе во однос на 2022 година, објави Телма. Потоа, на второ место е КАМ со чиста заработка од 7, 3 милиони евра. И овој ланец маркети може да се види дека има раст на профитот во однос на 2022 година.

Меѓу оние со големи профити е и КИПЕР кој во 2023  заработил 5, 5 милиони евра, па Стокомак со профит од 4 милиони евра. Тука е и КИТ- ГО со слична добивка како КИПЕР. Рамстор пак  имале добивка од 2, 5 милиони евра, а ТИНЕКС 1, 4 милиони евра.

Според, бројките и анализите на Бизнис мрежа, седумте најголеми ланци маркети лани оствариле приход од над 930 милиони евра.