Најголемите светски трговци со енергија ја удвоиле заработката во 2022-ра

Единаесет од најголемите светски трговци со енергија заработиле околу 77 милијарди долари минатата 2022 година, повеќе од двојно повеќе од претходната 2021-ра, покажуваат податоците на аналитичката компанија „Bernstein“.

Според проценките во истражувањето на „Bernstein“, двата најголеми светски трговци со енергија според обемот, „Shell“ и „BP“ и оствариле во 2022 година од купување и продажба на нафта, природен гас и електрична енергија околу 16,6 милијарди долари и 11,5 милијарди долари добивка пред камата, даноците, депрецијација и амортизација (EBITDA). Тоа е еднакво на 20 отсто и 16 отсто од заработката на групата најголеми светски трговци на мало.

Трговските операции на француската „TotalEngeries“ придонесоа 8,4 милијарди долари од EBITDA, или 14 отсто од заработката на групата, пресметале во „Bernstein“.

Трите најголеми приватни трговци со енергија „Vitol“, „Gunvor“ и „Trafigura“, имале приход од околу 28 милијарди долари.

Групата од 11 најголеми трговци на мало заработила по 37 милијарди долари во 2021 и 2020 година, проценуваат во „Bernstein“.

Трговскот работење им помага на компаниите да ја надминат нестабилноста на цените на нафтата, гасот и електричната енергија со купување и продавање на стоки додека користат финансиски инструменти за заштита на тргувањето и обложување на промени во цените.

Компаниите како „Shell“ и „BP“ не ги пријавуваат приходите од тргување и имаат тенденција да ги чуваат информациите за нивните трговски операции нејасни, честопати нудејќи само општи насоки за инвеститорите.

Во вторникот, „BP“ објави добивка од пет милијарди долари во првите три месеца од оваа година, во заднината на „исклучителните резултати од маркетинг и тргувањето со гас… и многу силниот резултат во трговијата со нафта“.